Три лица загинати во сообраќајка во близина на Куманово
Три лица ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Куманово.
Според првичните информации, возило БМВ со кумановски регуистарски таблички, движејќи се од населбата Бедиње, изгубило контрола по што излетало од надвозникот и паднало на автопат.
На автопатот во тој момент поминувала цистерна која, во обид да го избегне, поминала на другата коловозна лента.
Автопатот е блокиран за сообраќај, во тек е увид и утврдување на причините за несреќата.
Оцени ја веста
09.06.2015 - 18:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа