Трагедија ја потресе Македонија: Влегла дома и ја видела сестра си обесена
Вистински хорор доживеала вчера млада тетовчанка кога си влегла дома. Таа ја пронашла својата сестра мртва. Се работи за 35-годишната Н.Р. од тетовското село Нераште која си го одземала животот со бесење.
Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид и при тоа не се пронајдени траги на насилство, а телото му е предадено на семејството за погребување.
Девојката се обесила во плевната од куќата, а засега не се знае мотивот поради кој решила да си го одзеде животот.
Оцени ја веста
09.06.2015 - 14:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа