ФОТО: Се ожени поранешниот член на „Браво Бенд"
Поранешниот член на Браво бенд, Аце Тасевски се ожени минатиот викенд. Како што пишува Вечер, свадбата била во познат скопски хотел, а за доброто расположение бил задолжен Благоја Грујовски.
Избраничката на Аце, Дијана е во петтиот месец од бременоста и носи машко дете.
Се двоумиме меѓу две имиња Михаил и Давид, уште не сме одлучиле. Се надевам дека бременоста ќе тече лалп што треба и едвај чекам да се испробам во оваа нова животна улога која допрва ме чека“, изјавил Тасевски за Вечер и додал дека деновиве со сопругата планираат да заминат на меден месец во Хрватска.
Нека им е со среќа!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа