ГОЛЕМ ШОК ВО ИКС-ФАКТОР
Во вчерашното издание на најгледаното шоу во регионот, Икс-Фактор, излезе Македонецот Давид Темелков, а тоа дефинитивно беше нешто што никој не го очекуваше. Нашиот Боби Мојсоски прв го доби посакуваното „да“ и со најмногу гласови од публиката влезе директно во полуфинале.
Скопјанецот Давид Темелков, за првпат се најде во дуел, и тоа со „Хајвеј трио“. Како песна за спас Давид ја одбра „Игри без граници“ на Тоше Проески, но жирито одлучи дека понатаму продолжува црногорското трио.
Синоќа од големата сцена си заминаа и Нина, Илија и Милан.
Па, останува да го бодриме Боби да биде вториот македонски победник на Икс-Фактор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа