Воз прегази две Македонки во Албанија
Две македонски државјанки се тешко откако попладнево биле удрени од возот кој сообракјал на релација Тирана - Елбасан, во туристичкиот регион Шкамби и Кавајес. Несреќата се случила во моментот кога тие минувале преку шините
Според албанската полиција, македонските државјанки Славинка Нитрова и Лука Нитроши и двете на 45-годишна возраст биле на летување во Драч.
По несреќата Нитрова добила тешки повреди и таа е пренесена на лекување во Воената болница во Тирана, додека, пак Нитроши е хоспитализирана во болницата во Драч.