ФОТО: На свет дојде срнче со бело лице
На фарма во Мичиген родено е срнче со бело лице, што е ретко генетско нарушување.
Срната што го родила го одбила своето младунче, но за него се грижат луѓето од фармата, пренесува „Њузер“.
Хилари Пауел и нејзинотот семејство, кое живее на фармата го нарекле срнчето Дрегон. Неговата мајка има генетско наљрушување, и поради тоа младунчето е родено со големи бели „дамки“.
Дрегон истотака, има и бел стомак и нозе и има розев нос. Ова се случува во помалку од еден отсто од случаите кај белоопашестиот елен.
Срнчето првите неколку ноќи спиело во куќата на Пауел и го хранеле со шишенце. Сега веќе изгледува надвор. Подоцна ова лето Дрегон ќе им се придружи на другите елени на големиот имот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа