Анџелина Џоли не станала актерка по своја желба туку...
Анџелина Џоли станала актерка за да и угоди на својата мајка.
„Мојата мајка отсекогаш сакала да бидам актерка. Уште како млада одев во театар и на аудиции“, изјави Анџелина за „Washington Post“.
Таа додава дека дури пред 5 години сфатила дека не сака да глуми. Но не знаела ништо друго да работи.
Анџелина ужива да биде мајка и тоа и е на прво место, и не и било важно да живее како славна личност.
„Не сакам кога сум во центарот на вниманието. Не излегувам често. Ако не работам, времето го поминувам дома со децата“, рече Анџелина.
Вчера убавата актерка го прослави својот 40 роденден.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа