Јадете банани и брзо намалувајте килограми
Бананите содржат три вида на шеќери: фруктоза, сахароза и глукоза, но и влакна, па баш оваа комбинација прави чувство да сте заситени подолго време.
Истражувањата покажале дека само 2 банани дневно се доволни за 90 минутен тренинг. Доколку сте љубители на бананите, оваа диета одлично ќе ви прилега, а најдобро од се е што нема да чувствувате глад.
За една недела можете да симнете и до пет килограми, но пред да почнете да ја практикувате посоветувајте се со вашиот лекар и нутриционист.
Појадок
Изедете една банана. Доколку сте гладни и по 15 минути, слободно изедете уште една. Не би требало да јадете друго овошје за појадок, или ако мислите дека бананата нема да ви биде доволна, можете да изедете две до три лажици варен ориз. Јадете само зрели банани.
Ручек и вечера
Вечерајте најдоцна до осум часот навечер, иако е идеално да се јаде до 18 часот. Што се однесува до намирниците за доручек и вечера, не сте ограничени со изборот, можете да јадете она што и вообичаено би го јаделе. Но, трудете се порциите да бидат помали и избегнувајте десерт.
Јапонките се познати по витката линија, но тие се трудат после ручекот никогаш да не бидат целосно заситени. Исто така добро би било да избегнувате јаглени хидрати, бел леб, бел ориз, шеќер и бело брашно.
Само вода
Во текот на диетата единствена течност која е дозволена е исклучиво вода, минерална или обична. Трудете се водата која ја пиете да биде на собна температура.
Кога пиете, пијте по малку, а не да се „налевате“. Во текот на денот може да испиете едно кафе, чај или свеж цеден сок.
Во посебни прилики дозволено е една чаша пиво или вино.
Ужинка
Околу три часа после пладне можете да изедете две коцки црно чоколадо или нискокалоричен колач. Крофни, сладолед, чипс и слични грицки не се дозволени.
Секако дборо би било за ужинка да изедете едно овошје, но доколку сте „жедни“ за слатки, не се воздржувајте.
Рано во кревет
Трудете се да легнете да спиете најдоцна до полноќ.
Вежбајте ако сакате
Во текот на оваа диета не е неопходно да вежбате, но доколку сакате, само напред. Трудете се што повеќе да пешачите.
Водете дневник
Водете дневник како се чувствувате и што сте јаделе во текот на денот. Исто така на интернет може да најдете доста форуми и да размените искуства со другите кои се на овој режим на исхрана.
Извор: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа