Владиката Петар до Фрчковски: Ќе гориш во пеколот

 

И Владиката Петар бил на списокот на луѓе за кои екс-министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчковски издавал наредби за следење до тајните служби. Тоа тој лично му го потврдил на дневниот весник Дневник

- Да, тоа сум јас - вели владиката, објаснувајќи дека знаел оти Фрчкоски издал наредба да биде кодошен.

- Kога почна лустрацијата за Фрчкоски пред околу една година и беше прозван дека следел и свештени лица, тогаш се изјасни дека тoj го продолжил тоа што го правеле неговите претходници, а дека било правено и по него, што во суштина не е никакво оправдување. Не може својот грев да се очисти повикувајќи се на гревовите на другите. Тоа си е негов грев и треба да го очисти со јавно извинување дека сторил престап и признание дека дал наредба да се клеветат луѓе. Досега тој не го повлекол тоа што го наредил или не негирал дека тоа го сторил - коментира Владиката за Дневник

Владиката Петар вели дека нема намера да го тужи Фрчковски и му порачува да се покае бидејќи душата ќе му гори во пеколот.

До ден-денес не сум го побарал досието што за мене го воделе службите, но по сто ова можеби и ќе го побарам и тоа нема да го направам со намера да се одмаздувам некому, туку ако можам да им дадам до знаење дека треба да се поправат оти во спротивно си ги ставаат душите во пеколот. Одмаздата е Божја. Господ е тој што суди, јас единствено ако можам да повлијаам тие искрено да се покајат и да се извинат за стореното. Тогаш сум подготвен да им дадам прошка. Но за тоа е потребно вистинско искрено покајание. Немам намера некого да тужам, но ако не се покојат за стореното, тие не само што го валкаат својот углед, туку го оцрнуваат и целото семејство, своите блиски и нивните потомци давајќи им слика на клеветници, кодоши - вели владиката.

Тој за весникот открива дека во минатото добивал дури и закани дека ќе биде ликвидиран доколку не соработува со политичарите.

 Прво сакаа да ме отстранат од црквата, па бидејќи тоа не успеаја да го сторат, почнаа со заакани дека физички ќе ме елиминираат. Дури еден тогашен политичар директно, лично ми рече „ние можеме да те елиминираме со некоја сообраќајка, но тоа не мора да се случи ако си ни покорен“. Дури знам дека во сета хајка против мене биле користени и црковни лица. Едно од нив дури и ми призна дека ме кодошел со оправдување дека пренесувал работи за мене кои веќе биле општо познати, а тоа се всушност клеветите што ги измилуваа и во јавноста ги пуштаа овие лица - вели владиката за Дневник

најчитано сега