Професор по информатика од Беркли - ако завојуваме против роботите готови сме!
Професор по информатика Стјуарт Расел од Беркли универзитетот, предупреди на роботи убијци кои се развиваат од страна на американската војска.
Тој тврди дека такви роботи ќе бидат надмоќни над човекот и дека луѓето ќе немаат адекватна одбрана против нив.
За списанието Nature напиша дека американската војска се обидува да креира дронови кои можат да ги пратат и погодат метите дури и кога не се во домет со контактот со оние кои ги управуваат дроновите.
„Таквото оружје го крши договорот направен со Женевската конвенција и го става човештвото во рацете на аморални машини. Автономното оружје бира и ги напаѓа метите без човечка интервенција, а ќе бидат смртоносни за метите кои вклучуваат и луѓе“ порачува Расел.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа