Тргнал кон пазарче - го искршиле од ќотек

Деветнаесетгодишниот Д.И. од Ломница, пријавил дека вчера околу 17 часот на улица „Панче Поповски“ во Гостивар бил нападнат од две непознати лица, додека со неговиот другар, 20-годишниот Б.М. со возило „БМВ“ се движеле кон гостиварскиот голем пазар.

Двајцата напаѓачи со поставување рачна количка им го попречиле патот пред возилото, а потоа со метални предмети почнале да ги удираат и да го оштетуваат возилото. При тоа, Д.И. бил удрен по главата и му била нанесена видлива расекетотина.

Набрзо, во Полициската станица Гостивар приведени се И.Ч ( 18 ) и А.Ч.( 19 ), двајцата од Топлица, поради сомнение дека учествувале во тепачката.Од нив се одземени метални цевки, кои се претпоставува дека ги користеле во тепачката.

 

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега