Уште во 1-то коло во Сеха лигата силите ќе ги измерат Металург и Вардар

 

Македонското ракометно дерби меѓу Металург и Вардар ќе се игра уште на стартот во 1-то коло од регионалната Сеха лига. Ова го сакаше ждрепката а големите гиганти и истовремено ривали ќе играат на 7 септември. Гласините кои збореа за проширување на лигата останаа како невистините, затоа што и сезонавата во лигата ќе играат само 10 екипи. 

Освен двете македонски во СЕХА во сезоната 2013/14 ќе играат и: Загреб и Нексе (Хрватска), Партизан и Војводина (Србија), Брест Мешков (Белорусија), Ловќен (Црна Гора), Татран Прешов (Словачка) и Борац (Босна и Херцеговина).

Бранител на титулата од минатата сезона е Загреб. 

најчитано сега