Нови детали за големата трагедија - мигрантите се тепале пред да бидат прегазени
Преживеан мигрант сведочеше за големата железничка несреќа која пред неколкунедели ја потресе Македонија, кога во близина на Велес 14 мигранти беа прегазени од воз. Како што пренесува Дневник, мигрантот сведочи дека пред големата трагедија, две групи мигранти се судриле на пругата и започнале голема тепачка. Едната група била од Сомалија, другата од Авганистан.
Ова ја менува сликата за трагедијата, бидејќи до сега беше познато само дека тие седнале да јадат и да одморат на пругата во кобниот момент. Повеќето мигранти дошле од Грција, и сакале преку Македонија да го продолжат патот во Западна Европа. Пешачеле цел ден откако ја поминале границата, па ги нападнала група во униформи. Потоа, пешачеле два дена и кога дошле до пругата, група од 16 мигранти кои ја избрале истата рута, започнале тепача, па не го ни слушнале и виделе возот кој доаѓа.
За потсетување, трагедијата се случи на 23 април во близина на Велес, а загинаа 13 мигранти од Авганистан и еден од Сомалија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа