Страшна сообраќајка пред Велес - се јавува за повеќе жртви, автопатот блокиран

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на автопатот Велес - Неготино, кај наплатната рампа Градско има и жртви, јавува порталот Дума. Според првичните информации на порталот добиени од очевидци глетката е стравична и дека има загинати патници.

Според јавувања од лице место, на автопатот е запрен сообраќајот. Полицијата и јавен обвинител вршат увид.

„Во два, еден позади друг паркирани камиони на третата коловозна лента, удрил автомобил кој се движел од Неготино во правец на Велес. Сообраќајката се случила околу 17 часот, велат граѓани кои патувале по автопатот кога се случила несреќата. Десетина минути подоцна возила на брза помош од Велес се упатија кон местото на несреќата.“ - пишува Дума

Портпаролката на велешката полиција,Анита Стојковска ја потврди несреќата. Повеќе информации најави штом заврши увидот.

 

 

Оцени ја веста

26.05.2015 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега