Познатиот пејач прозборе за разводот

Хари Варошановиќ во интервју за еден српски магазин открил зошто е среќен што децата не му се музичари, зошто ја одбивал песната „Прстен и златен ланец“ која станала хит.

- Суштината на мојата работа секогаш била добрата песна и пеењето, се трудам во тоа, не избегнувам да зборувам што ми се случува во животот, но јавноста и публиката не сакам да ги оптеретувам со тоа, пријателите да, но публиката не. Не сум имал турбулентен живот, кога беа оние „будалите“ години, будалесто се однесував, бев тема во некои весници кон крајот на 80-тите, кога на секој сладок пејач девојките „паѓаа“, бев тогаш и малку немирен и ги лечев комплексите, но тоа е нормално. 

Секоја моја песна настанала со работа и комбинација од најдобрите рабти и идеи, борбата на екипата и соработниците и мене како автор да биде уште подобро. Секоја песна има некоја необична приказна, на пример песната „Прстен и златен ланец“, можеби една од моите најголеми хитови. На почетокот не сакав да ја отпеам таа песна, а изговор ми беше дека текстот е некако евтин и не беше на некое мое романтично софистицирано ниво. Едвај ме наговорија да ја пеам. Ете тоа е доказ колку човек може да биде глуп, рекол Хари.

Извор: Вистина

 

 

Оцени ја веста

24.05.2015 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега