Младата натпреварувачка ја застрелало момчето - детали за хоророт

Трагичната ситуација во која се најде талентираната 19-годишна девојка Мутлу Кај која се натпреварувала во музичкото талент шоу „Sesi Çok Güzel“ во Турција, ја шокираше јавноста. Таа пред неколку денови беше застрелана од страна на поранешното момче Вејсел Е, кој не можел да се помири со тоа дека се пријавила во талент шоуто.

Љубоморен на можноста неговата девојка да се прослави тој се одлучил да ја убие.

- Напаѓачот прво тропал на прозорецот, но моите деца не му отворале, јас сум спиел. Потоа го скршил прозорецот, ја тргнал завесата и и пукал на мојата ќерка во главата. Тој и порано неколку пати ја напаѓаше и и зборуваше дека таа мора да се омажи за него. Таа беше јасна и му кажа дека тоа не е возможно. Се надевам дека Бог ќе ни помогне, изјави тој.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега