Централата на „Дајнерс“ без одговор и затечена од бизнисот на Шекеринска со издавање станови сама на себе

 

Речиси една недела молк од Радмила Шеќеринска за големата афера и корупцискиот скандал со станови. Без одговор и затечена остана и централата на Дајнерс по објавувањето на скандалот.

Медиумите изминативе неколку дена објавуваа за мега скандалот со затајување данок. По наводите кои отвораат сомнеж за сериозен криминал тежок над 330.000 евра, на Бихаќка и во Дајнерс владее молк.

Според објавените информации во дел од медумите, сопругот на заменик претседателката на СДСМ во периодот од 2009 до 2013 година самиот на себе си изнајмувал четири станови сопственост на неговото семејство за суми кои се неколкупати повисоки од реалните на домашниот пазар на недвижности. 

Сопругот на Шеќеринска, Божидар Јанковски за станот на улицата Хаванска во Скопје, месечно од фирмата Дајнерс, каде има функција на управител на личната сметка си префрлал по 5.300 евра. Само за овој стан, во периодот од 4 години, сопругот на Шеќеринска успеал да извлече од фирмата Дајнерс неверојатни 203 илјади евра.

1fotopress

Уште над 100.000 евра за 5 години Бобо Дајнерс извлекол и  за станот на неговата мајка на булеварот Партизански одреди за кој месечно си плаќал по неверојатни 2.500 евра. Медиумите објавија дека и покрај тоа што компанијата Дајнерс годишно за становите на семејството Шеќеринска-Јанковски плаќала по повеќе од 100.000 евра, овој станбен простор воопшто не го користела.

2fotopress

Ваквиот скандал според познавачите на состојбите е доказ дека огромните суми кои се исплаќале за кирии, всушност биле начин како средствата да се извадат од сметката на фирмата, а при тоа да не се плати данок.

Доколку ги вадите парите како трошоци за кирија, за нив плаќате персонален данок од нешто над 7%, што е над 50% повеќе од стандардниот персонален данок на доход кој изнесува 11,11%.

Но тоа е само еден дел од изигрувањето на даночната регулатива, велат експертите. Според нив, парите кои фирмата Дајнерс ги плаќа за кирии, се одбиваат од нејзината вкупна добивка што значи дека на крајот од годината, фирмата прикажува помал профит а тоа значи дека плаќа и помала сума на државата на основ на данок на добивка. 
Пресметките велат дека во периодот од 2009 до 2013 година сопругот на Шеќеринска затаил 2,8 милиони денари за данок на добивка и над 1,5 милиони денари за персонален данок на доход со што ги оштетил граѓаните на Македонија за сума од околу 4,5 милиони денари.

 

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега