Крвава ноќ во Гостивар: 20 годишна девојка пронајдена во стан со куршум во стомакот

Дваесет годишна девојка, во се уште неутврдени околности била застрелана од пиштол во стан на улицата „Илинденска" во Гостивар. Инцидентот се случил синоќа половина час по полноќ, во станот сопственост на 45-годишниот Н.Е. во кој била тешко ранета неговата ќерка, 20-годишната Ф.Е. Од еден куршум таа задобила влезно-излезна рана во стомакот, по што била пренесена во Гостиварската болница, а отаму како итен случај е префлена на Скопските клиники.

Засега не се знае како дошло до ранувањето и дали станува збор за обид за самоубиство и кои се мотивите кои довеле до немилиот настан. 

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега