Се санираат штетите од пожарот кој избувна во зграда во Охрид

 

Утринава градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески се сретна со претставници од општинскиот Центар за управување со кризи, на Територијалната противпожарна единица, Секторот за комунален развој, како и со директорите на „ЕВН“ од Охрид и „Македонски телеком“ од Охрид за да се превземат активности за санација на штетите настанати во пожарот што во неделата вечерта избувна во станбената зграда бр. 4 на булеварот „Туристичка“ при што целосно беше уништена разводната табла со броилата за електрична енергија.

 Бакрачески денеска даде налог веднаш да се пристапи кон санација на настанатата штета. За таа цел ќе се ангажира посебна фирма во чија надлежност се ваквите активности.

Градоначалникот Бакрачески денеска повторно ја посети опожарената зграда во Охрид.

ФОТО: Новини.мк

најчитано сега