Заев освен меѓумакедонски очигледно посакува и меѓуетнички судир

 

Првиот човек на СДСМ Зоран Заев во обидот да се спаси себеси отако стана јасно дека доказите против него се непобитни, очигледно освен меѓумакедонски посакува и меѓуетнички судир.

На ова укажува објавувањето на вчерашната негова бомба, која имаше токму за цел поигрување со емоциите на Албанците и нивно разгорување, со цел да ги вмеша и употреби во неговото крваво сценарио, за кое медиумите веќе подолго време пишуваат.

Имено, Заев како што тоа го прави на секоја прес конференција, пушти неколку сечени и прелепувани разговори чија цел е игра на емоции меѓу граѓаните со различна етничка структура. Опозицискиот лидер со дополнителен наратив направи обланда и ги прикажа разговори и оговарања меѓу повеќе државни функционери на различни теми,  со кој сакаше да ги прикаже како непријатели на Албанците, иако тоа беа материјали кои се нереални.

Неговите бомби овој пат беа насочени кон Албанците кои требаше да наседнат на неговото сценарио и револтирани да се вклучат во неговиот план за дестабилизација.

Очигледно е дека првичната функција на неговата намера за предизвикување на меѓумакедонски судир не успеа до крај. Освен неопределните граѓаните кои на големо го осудија насилното сценарио на тепање на полицијата кое се случи на 5-ти мај, Заев со тоа ја изгуби и наклонетоста на неговото членство кое одбива да биде марионета на неговото сценарио за дестабилизација.

Лојални му останаа луѓето кои или имаат дебела финансиска причина за тоа, насилниците со дебели криминални досиеја на кој Заев им има ветено и ги лаже со прогледување низ прсти и отпишување на нивните кривични дела, како и онаа група околу него која слепо му верува поради функциите кои им ги има ветено.

Проценката на познавачите е дека тоа е премал круг на луѓе со кои може послушно да го спроведе ова однапред отцртано крваво сценарио. Па затоа, потребна му е и поддршка од Албанците кои треба да со еднократна употреба да ја одиграат ролјата за исценирани меѓуетнички судири.  Сепак, и Албанците и нивните лидери покажаа мудрост и не подлегнаа на неговата намера. Обичните Албанци не сакаат да бидат дел од личната биотка на Заев.

Бескомпромисната решеност на Заев за закрвување на граѓаните и дестабилизација на државата се виде во неверојатната сихронизираност на настаните кои претходеа. Како на филмска лента на 5-ти мај Заев организира насилни протести пред Владата, за дефокусирање на вниманието на полицијата која е подвижна мета на активистите на СДСМ кои со летви, бекатон плочки, камења и бакли фрлаа врз нејзе. На истиот датум, терористичката група влегува во Куманово и се лоцира во кумановската Дива населба.

Претходно Заев најави митинг на 9-ти мај, а потоа го презакажа на 17-ти. Тоа што Заев го чекаше да се случи на 9-ти, навистина ја потресе јавноста. Полицијата делуваше одлучно и беше приморана да ја сузбие терористичката група, која патем планирала терористички напади врз цивилни објекти со многу жртви во периодот на одржување на митингот на СДСМ на 17-ти, кога вниманието на полицијата повторно ќе биде фокусирано на протестот на СДСМ.

Потоа Заев си правеше селфи и го имитираше знакот на УЧК во кумановската Дива населба, ден по завршување на полициската акција, кога Македонија жалеше по 8- те загинати полицајци. Се’ до сега што предупредувавме, се остварува. Очигледно сценариото за дестабилизација чиј главен иснтрумент е Заев добива на интензитет и се оствaруваат предупредувањата.

Главниот тест ќе биде митингот на 17-ти каде Заев е решен на крвав начин да ги оствари своите цели. Имено, како што беше објавено претходно, неговите екипи за насилство се советувани да бидат брзи и ефикасни, целта е по украинското сценарио да прават опсада на државните институции и предизвикаат немири.

Познато е дека помеѓу толпите на СДСМ ќе има и лица со огнено оружје, како и камиончиња кои се подготвени да ги наооружаат останатите присутни со реквизите за насилство истите онакви какви што беа употребени пред Владата кога беа фрлани камења, бекатон плочки, даски и летви врз полицијата.

Овој пат мета ќе бидат и цивилни и деловни објекти. Главната логистичка помош со финансии и совети е препуштена на СОРОС со чии пари се врши медиумска хајка и брутално ширење на невистини. Во спроведување на нивното сценарио се вклучени и луѓе од надвор со искуство во созодавањето на хаос и насилни протести.

 

 

Оцени ја веста

16.05.2015 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега