Нападнати полициски службеници во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Р.(29) од Прилеп, Р.И. (30) од село Вешала, тетовско, Ф.Р.(32) и О.Р.(34) двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедност“.

На 11. овој месец на ул.„Девеани“ во Битола, полициски службеници при преземање на мерки за расчистување на нарушен јавен ред и мир физички биле нападнати од страна на пријавените кои им нанеле телесни повреди.

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега