Повредени пет лица во Скопје

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив, три се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца пешаци, еден сопатник и еден мотоциклист.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на изминатите 24 часа сообраќајната полиција открила и санкционирала 29 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 23 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, осум пешаци поминале вон обележан пешачки премин, како и пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 57 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи на велосипеди кои сториле прекршоци по разни основи.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ денеска ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Детска радост“, објект „Сончоглед“ која е наоѓа во населба Автокоманда.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во сабота и недела со почеток во 8:00 часот МВР во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе реализира регионални натпревари во рамките на сообраќајно-воспитните акции „Детски семафор“ со учениците од основните училишта на подрачјето на градот Скопје. Натпреварите ќе се одржат во ОУ „Војдан Чернодрински“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

За време на викендот, во сабота и во недела, со почеток во 12 часот и 30 минути во просториите на ТЦ „Сити мол“, Отсекот за превенција ќе реализира едукативни работилници со цел подобрување на безбедноста на пешаците и велосипедистите.

Во недела со почеток во 14:00 часот СДСМ ќе организира протест на бул. „Илинден“ пред Владата на РМ. Од причини што се очекува присуство на поголем број на граѓани, а со цел овозможување на безбеден и уреден сообраќај од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот. Од сообраќајната полиција апелираат во времето од 13 часот и 30 минути граѓаните да се воздржат од управување на своето возило по улиците во централното градско подрачје, како и да ги почитуваат наредбите и инструкциите што ќе им бидат давани од страна на полициските службеници.

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега