ВМРО-ДПМНЕ: Судските органи да спроведат постапка против Заев

 

Истражните и судските органи да спроведат постапка за расчистување на случајот во кој Зоран Заев, според вчера објавеното видео на Јутјуб, бара 200.000 евра мито за работа која по закон мора да ја заврши, бара ВМРО-ДПМНЕ.

- Бараме надлежните истражни органи, покрај овој еклатантен пример, да ги испита и сите други случаи кои се споменати во видеото. Бараме да се разгледаат купопродажбите, легализациите, урбанистичките планови за секое земјиште што се споменува во ова видео, без исклучок, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ и повторно побара оставка од Заев.

Според владејачката партија, Заев веќе нема кредибилитет да биде во политика, ниту да ја води Струмица во моменти кога сите граѓани знаат дека барал мито директно за себе, наместо да обезбеди повеќе пари за општината.

- Бараме Заев да си поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ бидејќи од таа функција, очигледно, има можност да се заканува и да уценува сведоци, адвокати, обвинители и судии. Бараме да си поднесе оставка и од функцијата градоначалник на Струмица за да не крие документи и докази и да не може да влијае на истрагата и на судскиот процес особено имајќи ги во предвид сите аспекти од документационо и архивско работење на Општината. Заев денес мора да постапи онака како што тој бара од другите. Доколку не направи така, се што збореше до сега му паѓа во вода, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара надлежните истражни органи да ги испитаат и сите други случаи спомнати во видеото.

- Бараме да се разгледаат купопродажбите, легализациите, урбанистичките планови за секое земјиште што се спомнува во ова видео, без исклучок, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица кој вчера ја призна автентичноста на видеото.

- Заев призна и дека овој настан се случил што дава сериозна основа за натамошни постапки од надлежните судски органи. На видеото Заев бара 100.000 евра за него, преку брат му Вице Заев и 100.000 евра за „црквата”, за  што некој може да претпостави дека е и шифра која се користи за да се побараат пари за неговата партија СДСМ, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

Од видеото се гледа, посочува партијата, дека деталните урбанистички планови во Струмица се носат кога сака Зоран Заев и по нарачка на бизнисмени за кои потоа тие мораат да платат, покрај на државата и општината, и кај Зоран Заев и Вице Заев и мораат, исто така, да платат во „црквата” или можеби, ако претпоставката е точна, и во партијата. 

- Заев кажува дека тој ги определува цените, а цената што треба да се плати на општината може да биде, како што вика Зоран Заев, и 438 денари и 71 денар, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата претпоставува дека снимката е направена во канцеларијата на Зоран Заев во Општина Струмица.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега