СДСМ се брани: Снимката со Заев не докажува кривично дело бидејќи е сечена, лепена и монтирана

Снимката на Заев била сечена лепена и монтирана. СО ова тврдење раководството на СДМС но и дел од адвокатскиот тим на Заев се обидува да го оправда мега скандалот во кој е вплетен лидерот на СДСМ

„Од овие причини, го повикуваме Јавното обвинителство ВЕДНАШ да ја објави целосната снимка. На неа ќе се види дека средствата за кои станува збор се однесуваат за градежни материјали за изградба на црквата бетон, железо и други градежни  материјали.“ – изјави вчера Заев

Во одбрана на Заев за медиумите на СОРОС се јави и неговиот адвокат Филип Медарски. Тој тврди дека не може да се зборува за кривично дело бидејќи снимката била сечена.

„Од самата снимка објавена на Јутјуб е очигледно дека во 2:25 од видеото има дел кој недостига. Овој дел е издвоен за во јавноста да се создаде погрешен впечаток за она што е содржина на разговорот. Ако е снимката целосна, би можело да се коментира дали имало или немало некое кривично дело - изјави Медарски за Плусинфо.

За потсетување, СДСМ бара кривична одговорност за снимки кои партијата ги сече и монтира според само ним познати критериуми

За потсетување, за идентично кривично дело но за двојно помала сума од 100.000 евра во Словенија, европратеникот и поранешен министер за надворешни работи на оваа земја членка на ЕУ доби 2,5 години затвор.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега