Излетале од пат и се превртеле со возилото - тешко повредени двајца скопјани

Уште една страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија. Ј.Д. (36) и З.И. (44) од Скопје се здобиле со сериозни повреди во сообраќајната несреќа што изминатата ноќ околу 3 часот се случила на регионалниот пат Тетово-Групчин спроти бензинската пумпа „Петрол-компани“.

Скопјаните биле во патничко возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици што загубило контрола, излетало од патот, неколку пати се превртело и завршило во блиската нива. Од излетувањето и превртувањето двајцата задобиле сериозни повреди и со возило на Брза помош и друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница, а по укажаната лекарска помош итно се испратени на скопските клиники. Првично причина е неприлагодена брзина според условите на патот додека вкупната материјална штета се проценува на 300 илјади денари, пренесе МИА.

 

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега