Анкетна комисија во Собранието за прислушуваните разговори веднаш штом СДСМ се врати во Собранието
На денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи донесен е заклучок за формирање на Анкетна Комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори. Анкетната Комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во парламентот, што впрочем претставува клучна порака од маѓународната заедница. Со Анкетната Комисија ќе претседава пратеник од опозицијата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа