Бериша го призна поразот и се повлече од партијата
Сали Бериша откако го призна поразот на парламентарните избори се повлече од лидерската функција во партијата која ја водеше изминатите две годни. Тој во своето истакнување во јавноста образложи дека ќе ја почитува волјата на народот кога не го изгласала на изборите.
- Во мојата политичка кариера повеќе од две децении јас на секоја позиција која сум бил себе си се гледав како човек кој е во служба на мојот народ и мојата земја. И покрај моите здравствени проблеми, никогаш не се откажав од исполнувањето на моите обврски, одговорно и доследно, рече меѓу другото Бериша.
Бериша истакна дека граѓаните гласале за спротивната програма,програма која „не може да се реализира“.
- Нашите граѓани гласаa за програмата на нашите опоненти, за ветувања кои не може да се реализираат, како што е бесплатно здравство и укинување на даноците, зашто овие ветувања не можеме да ги реализираме бидејќи тие се во спротивност со рамноправните економски слободи, рече Бериша, притоа честитајќи му ја победата на политичкиот противник и посакувајќи му успешна работа.
- Но за поразот одговорноста паѓа врз мене, врз Сали Бериша. Затоа давам оставка од сите функции во Демократската партија, нагласи Бериша.
Бериша им се забагодари на сите приврзаници на ДП, им порача да се чувствуваат горди а неговото обраќање да не го сваќаат како збор за збогување.
Бериша, како што самиот рече останува на функцијата премиер до септември, кога парламентот треба да ја изгласа новата влада, како и на чело на партијата до избор на негов насленик.
- Бог да ги благослови ДП и Албанците каде и да се.Со овие зборови Бериша го заврши обраќањето. Според медиумите најсериозен кандидат за наследник на Бериша е актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша.