Чавков нов шеф на МВР - Мисајловски Министер за транспорт и врски

 

Премиерот Никола Груевски вечерва до Собранието достави предлог за избор на двајца нови членови на Владата. Се предлагаат нови министри во министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски. 

За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски. 

Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, а Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Од доставените биографии може да се увиди дека и двајцата се стручни и професионални лица кои извршувале одговорни раководни позиции.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски седницата за избор на новите членови на Владата ја закажа за утре во 13 часот

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега