За што се можете да го користите дезодорансот?
Дезодорансот служи пред сé за да ви помогне во борбата против лошите мириси, макар и на невообичаени места. Ама има и неколку други примени.
- Ако имате лоши чевли или стапала што пребрзо се потат, лошиот мирис е неизбежен. За да го спречите, доволно е навечер пред спиење да напрскате дезодоранс на стапалата. Набрзо ќе заборавите дека воопшто сте имале проблем со смрдливи стапала.
- Жените со поголеми гради често имаат проблем со потењето во пределот под нив. Погодувате, пред облекување на градникот, попрскајте малку дезодоранс под градите.
- Ормарите, со тек на времето, можат да попримат некои специфични и не баш пријатни мириси. Земете дезодоранс-стик, отворете го и ставете го во плакарот. Во иднина, вашата облека ќе мириса на свежина.
- Ако ви чкрипат вратите и кваките, попрскајте ги шарките/кваките со дезодоранс. Уживајте во тишината.
- Чевлите кои ви се тесни веројатно ќе ви создадат пликови и жуљеви. За да ги спречите, напрскајте малку дезодоранс на местата каде што ви е најтесно на ногата. Спрејот ќе делува како бариера меѓу кожата и чевлата, така спречувајќи го триењето и сите негативни последици од него.
Извор: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа