Фудбалер од Битола претепа судија

Во с.Лисолај-битолско вчера за време на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Победа“ од с.Ивањевци и ФК „Могила БИ Милк“ од с.Лисолај беше претепан фудбалски судија.

Како што информира полицијата, во 27 минута од страна на Б.К.(31) од Битола играч на ФК „Могила БИ Милк“ физички е нападнат главниот судија В.Ѓ.(26) од Битола.

Од страна на полициски службеници на Б.К. му е издаден платен налог по член 3 казнив по член 13 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.

 

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега