ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР: Петмина херои ги дадоа животите за Македонија

Петмина хероиги дадоа животите за Република Македонија. Сакам да им се поклонам и да им изразам сочувство на семејствата на овие патриоти кои вечно ќе ги паметиме. Ќе ја пaметиме и храброста на оние кои учествуваа во денешната акција, како и на на 30-ината кои се повредени. Ова го рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на прес конференцијата во МВР.

- Покажаа храброст за заштита на Македонија, без оглед на нивната етничка или верска припадност. Рамо до рамо се бореа против група која беше закана за Македонија – рече Јанкулоска.

 Акцијата ќе продолжи, сè додека не сме сигурни дека и последниот терорист не е неутрализиран – рече министерката.

 

 

Оцени ја веста

10.05.2015 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега