ФОТО: Армискиот хеликоптер дејствуваше на пожарот во Јасен, исфрлени 52 тони вода

 

Армискиот воздухопловен ВИНГ вчера беше ангажиран во поддршка на акцијата за гаснење на шумски пожар во реонот на Јасен.

-Интервенцијата започна во 06:30 часот наутро, по добиеното официјално известување и завршена координација со надлежните институции. Во текот на тричасовната интервенција, беа реализирани повеќе летови со вкупно 26 исфрлања и истурени 52 тона вода врз критичните жаришта на пожарот, известуваат од АРМ.

Во акцијата беа вклучени и капацитети од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Министерството за внатрешни работи (МВР), кои обезбедија логистичка и оперативна поддршка на терен.

Воздушната поддршка овозможи значително намалување на интензитетот на огнот и спречи негово ширење.

26.08.2025 - 11:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега