Внимавајте на вашите деца - се шири опасно Фејсбук лудило
Тинејџерите на друштвената мрежа Фејсбук играат нова, многу опасна игра која се вика „Game 72". Тоа е нов предизвик кој си го поставуваат меѓу себе - да исчезнат од дома на 72 часа и да не кажат никому каде се, за да бидат прогласени за исчезнати!
Британските медиуми предупредуваат на опасноста од опасната игра која на Фејсбук с ешири меѓу младите како пожар - играта има опасни правила и бара од тинејџерите да избегаат од дома на 72 часа без да кажат на никој каде ќе одат!
- Зошто го прават тоа - мора да ги прашате нив. Очигледно во прашање е некој вид на тинејџерско докажување. Во тие чувствителни години на растење секакво лудило е можно, па и вакво. На секој родител чие дете има Фејсбук профил му советувам да разговара со детето, но во некој опуштен момент и на другарски начин. Важно е да се дознае што мисли детето за тоа - вели д-р Мирна Шуре од Универзитет во Филаделфија.
Неодамна две девојчиња исчезнаа во Есекс, другарки од училиште на возраст од 15 и 14 години. Во петокот заминале од училиште но не се вратиле дома, а во понеделникот биле пронајдени на 30 километри оддалеченост од своите домови. Полицијата се сомнева дека девојчињата намерно „се изгубиле“ по правилата на новата опасна Фејсбук игра!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа