Комплетно блокиран патот Кичево – Охрид

Авто-мото сојузот на Македонија за денеска од 16 до 17 часот најави прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид кај месноста Лавчанско речиште, каде во тој период ќе се изведуваат градежни работи (минирање).

Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот се уште е во прекин. Возилата се пренасочуваат низ Битола.

Се уште е отежнат сообраќајот  на патиштата Прилеп - Витолиште и Прилеп-Македонски Брод, поради свлечиште односно слегнување на асфалтот на патот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега