Каракамишева: Срамно и неодговорно однесување на СДСМ и на соросовите платеници

По очајниот понеделнички настап на поранешниот претседател на СДСМ на Телма телевизија, кој наликуваше на стара изгребана грамофонска плоча, и по вчерашните настани пред Владата на Република Македонија, сведоци сме на последната епизода од сценариото на СДСМ и на СОРОС за дестабилизација на земјата, и за насилно преземање на власта.

Ова го истакна професорката Тања Каракамишева во емисијата „Поента“ на РСМ која додаде дека откако не им успеало ниту еден дел од однапред подготвеното сценарио за паѓање на Владата се случува вистинска кулминација од изливи на очај, гнев, фрустрации и омраза од оваа групација кои треба да го одработат сето она што претходните елементи на сценариото не успејаа да го постигнат.

-И не случајно стартот на „пресвртот“ го означи Папата. Се појави таткото на СДСМ и на сите требаше да ни се стресат колената. Се појави за да ги построи мирно сите во неговите редови. Дури се осуди да каже и да остане жив, дека за оваа акција е потребно да се мобилизира „сé што мрда, сé што е живо во државата“.Оттука, да не ве зачуди ако во наредниот период се организира пленум на децата во градинките, пленум во јаслите, а може и пленум на новороденчињата, зошто да не. Наредба на Папата е тоа, не е играчка.Во наредниот период бидете подготвени за уште многу вакви очајни крикови на интелектуална немоќ. Во услови кога СДСМ и инсталациите на СОРОС не успејаа да направат никаква политичка алтернатива на програмата и на политиките кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ, во услови кога немаат ниту една своја успешна политика или успешни резултати во економијата со кои можат да се пофалат, единствено што им остана е улицата и деструкцијата. Трагично, но вистинито.И покрај тоа што сите во СДСМ, СОРОС и останатата опозиција се свесни дека демократијата во 21. век не ја препознава улицата како механизам за остварување на политички цели и како алатка за доаѓање на власт, сепак безизлезот во кој е западната оваа групација, ќорсокакот во кој одамна е заглавена СДСМ не им остава многу простор за позитивна стратегија и позитивни чекори.Република Македонија, и ние како нејзини граѓани, не смееме да дозволиме да бидеме ставени во заложништво, или да бидеме актери на политичките драми на неколкумина истрошени и бескорисни кариеристи, вели Каракамишева.

Таа нагласи дека власта ќе мора да пронајде начини за разобличување на ова деструктивно сценарио и со ладни глави, со разумни чекори да го надмине овој очај кој прави само штета на Република Македонија, и на сите граѓани.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега