Груевски: Во ВМРО-ДПМНЕ почнуваат да се саморганизираат за жесток одговор на сценариото - тоа не е добро
Премиерот Никола Груевски во денешното гостување во Дневникот на ТВ Сител рече дека е голем револтот во неговата партија и им порача на своите членови да не дозволат да влезат во играта на Заев.
Постојано добивам пораки со револт зошто не дејствуваме пожестоко, зошто не се организираме. Почнале да се самоорганизираат и да прават списоци. Тоа не треба да се прави. Треба да се остане смирен, во целата ситуација да се игра мудро и разумно и да не се влезе во играта на Зоран Заев кој сака да го закрви народот, да дојде на власт без избори и да го испере се она незаконско што го направил
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа