Забрчанец во декември 2014 ги најави насилствата

Долгогодишниот предводник на МОФ, Марјан Забрчанец, на својот фејсбук профил уште во декември минатата година објави статус каде што ги најави насилствата повикува на рушење на Владата.

“На пролет гипсот да го кршиме.” – е статусот кој го објави Забрчанец, кој јасно повикуваше на рушење на Владата и предизвикување немири.

Забрчанец пишувајќи го гипсот метафорично мисли на барокниот изглед на Владата, шегувајќи се на сметка на новото идејно решение за изгледот на Владата дека било од гипс. Во коментарите надолу се надоврзува и високиот функционер од СДСМ Јани Макрадули, кој пак еуфорично прашува “кога ќе се кршел стиропорот”, мислејќи на стиропорот од кој наводно се правеле барокните фасади.

Марјан Забрчанец инаку е поранешен долгогодишен извршен директор на МОФ, поранешен член на управниот одбор на фондацијата СОРОС и воедно е повеќе од 15 години на платен список на фондацијата. Марјан Забрчанец исто така е и редовен гостин и активен учесник на дебатите и настаните на невладините организации кои се под капа на СОРОС.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега