Насилниците на СДСМ нападнаа и вечерва: Повреден еден полицаец

Насилните партиски демонстранти на СДСМ почнаа да предизвикуваат инциденти и на денешниот протест пред Собранието, кој досега течеше мирно и без посериозни нарушувања на мирот, а зад кој како организатори се појавија речиси сите опозиционери.

jajca

 

Иако поголем дел од демонстрантите го напуштија протестот отккако беше соопштено дека истиот е завршен, сепак помала група очигледно политички инструирана повторно почна да прави нереди налик на вчерашните, да мава со стаклени шишиња пред Собранието и со јајца кон Законодавниот дом.

Насилните демонстранти најпрво започнаа да фрлаат со јајца кон Парламентот, а потоа и со стаклени шишиња, по што еден од полициските службеници беше погоден со шише во главата. За време на вчерашните насилни протести организирани од СДСМ и СОРОС беа повредени дури 38 полицајци, од кои шест потешко.

sekjer

Опозицијата денеска конечно се идентификува со протестите, бидејќи во првите редови беше забележано речиси целото раководство на СДСМ предводено од заменик-претседателот на партијата Радмила Шекеринска, генералниот секретар Оливер Спасовски, портпаролот Петре Шилегов и низа други.  

geroskiii

Покрај најтесната клика на СДСМ, протестите ги водат уште и првиот човек на фондацијата СОРОС Владимир Милчин, главниот медиумски стратег на опозицијата Бранко Героски, како и ред други соросови активисти кои се дел од секој опозициски протест.

mmiliciin

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега