Не издржа: Почина младиот Зоран од Вевчани

И покрај огромната поддршка од целата македонска јавност и бројните хуманитарни акции кои се организираа за да се соберат средствата за неговата операција, почина 25-годишниот Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани.

zzorannnn

 

Неофицијално Зоран починал денес околу пладне при подготовки за операција.

Зоран Ѓорѓиевски беше роден во 1990 година во Вевчани. Болуваше од дилатирана кардиомиопатија, болест каде срцето е ослабено и проширено и не може нормално да пумпа крв. Намалената работа на срцето влијае на белите дробови, црниот дроб и другите органи. За неговата операција беа потребни од 300.000 до 500.000 евра.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) неодамна соопшти дека е одобрено барањето за лекување во странство за Зоран. Фондот, го одобри барањето во транспарентна и брза процедура и лекувањето во странство ќе беше на товар на Фондот.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега