Груевски: Насилството е за слабаци

Целта на Зоран Заев е насилно да дојде на власт, а тоа е карактеристика за еден слабак, вели премиерот Никола Груевски во гостувањето на Сител телевизија

Тој вели дека целта на опозицискиот лидер е да креира дестабилизација во земјава и апелираше до граѓаните да не наседнуваат на провокации.

-Заев не може да дојде на власт со проекти и програма, па се обидува тоа да го направи со насилство како секој слабак.  Насилството е карактеристика за слабак. Човек што е силен, човек што знае дека народот стои зад него, не му треба насилство. Тој ќе го почека вистинскиот момент, ќе ја добие довербата на граѓаните, ќе излезе потоа со програма и ќе настапи и ќе го направи тоа што му го ветил на народот. Човек кој што се чувствува слаб, само тој човек прибегнува кон насилство, рече Груевски.

Премиерот истакна дека Владата ќе дејствува сериозно, разумно, професионално како што би постапила секоја европска држава.

„Да не влеземе во играта на Заев кој насилно сака да дојде на власт и така да ги испере своите криминални работи“-порача Груевски.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега