Денеска измерени рекордни температури за месец мај

Управата за хидрометеоролошки работи ги објави максималните температури измерени за денес.

Во Лазарополе се измерени 26 степени, 28 Охрид и Маврово, 31 Крива Паланка, Берово и Претор, 32 во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Струмица, Виница, Демир Капија и Гевгелија, 33 во Скопје Карпош, Велес, Штип и Прилеп и до 35 степени измерени во Битола.

Во текот на денот од УХМР велат дека имало сончево и многу топло време за овој период од годината, особено во пелагонискиот, паланечкиот, беровскиот и мавровскиот регион каде се постигнати или се блиску до постигнатите апсолутни максимани температури на воздухот за месец мај. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во северните делови веќе има извесно зголемување на облачноста.

До крајот на денот се очекува многу топло време со слаб до умерен ветер од југозападен и западен правец. Во вечерните часови облачноста ќе продолжи да се зголемува, особено во северните и западните делови, каде во раните утрински часови има мала веројатност за локален дожд.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега