Груевски: Ако полицијата тепала тогаш зошто се повредени 38 полицајци, а само неколку цивили

Очигледно е дека вчерашниот протест беше подготвен однапред и организиран од страна на СДСМ. Луѓето дојдоа подготвени со транспаренти, банери, маски и дојдоа да направат тензија. Снимките ја покажаа целата ситуација. Повредени се 38 полицајци и само неколку цивили. Ако полицијата тепала, тогаш зошто се повредени 38 полициски службеници, а само неколку цивили.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во Дневникот на Сител.

-Јасно е дека протестот беше организиран од страна на СДСМ. Најголем дел од луѓето на вчерашниот протест беа членови и активисти на СДСМ. Очигледна беше и намерата на стотина насилници, кои и се добро познати на полицијата по сторени кривични дела. Тие се обидоа со насилство да влезат во Владата, а полицајците реагираа крајно професионално, додаде Груевски.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега