ВМРО-ДПМНЕ: Заев спроведува сценарио за дестабилизција на државата
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на изјавата на портпаролот на СДСМ истакнува дека опозицијата стои зад организацијата на вчерашните насилни случувања пред Владата.
- На сите граѓани им е јасно кој напаѓаше и се однесуваше вандалски. Самиот факт дека при вчерашниот напад се повредени дури 38 полицајци доволно зборува за себе. Снимките и сликите од вчерашниот напад врз полицајците на кои се гледа дека активистите на СДСМ напаѓаат со шипки, камења и бехатон плочки, се гледа дека го кинат македонското знаме се на очигледно задоволство на Шилегов и СДСМ, се наведува во реакцијата.
Според партијата, лидерот на СДСМ спроведува сценарио за граѓански конфликт и за целосна дестабилизација на државата. Оттаму ги повикуваат граѓаните да не подлегнуваат на какви било провокации.
- СДСМ сака да креира состојба во која за насилството што тие го прават на очиглед на сите ќе ги обвинат другите. Тие маваа со камења по полицајците, другите биле криви, членовите на СДСМ маваа со бехатон плочки, другите биле криви, тие маваа со шипки по полицајците и пак другите биле криви. Тие, активистите на СДСМ го кинеа македонскиот знаме и пак другите им се криви, се вели во реакцијата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа