Пијан демонстрант заврши на Клиниката за Токсикологија

Во големите нереди кои се случија вчера пред македонската Влада, каде беа повредени 38 полицајци, приведени се 30 лица, а меѓу нив и пијан демонстрант кој заврши на Клиниката за Токсикологија. Денеска за ова информираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Едно лице е однесено во Клинички центар на клиниката за Токсикологија во алкохолизирана состојба, по што е приведено во полициска станица, истакна министерката додавајќи дека приведените малолетници околу 3 часот утринава по извршениот разговор со нив се пуштени, а останатите се задржани до завршување на постапката.

Полицијата идентификува и други лица кои вчера дивееја пред Владата.

 

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега