Шест полицајци хоспитализирани со сериозни проблеми

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, истакна дека во вчерашните насилни протести на најбрутален начин била нападната полицијата, а граѓаните беа сведоци и на најсрамниот чин на симнување и кинење на државното знаме на Република Македонија.

Во насилните протести повредни се 38 униформирани полициски службеници од кои 6 со сериозни повреди се хоспитализирани.

-Од протестантите 30 лица биле приведени, од кои двајца биле малолетни и по распитот биле пуштени. Дванаесет други лица кои учествувале во протестите се идентификувани и се трага по нив, истакна Јанкулоска.

Министерката апелираше до медиумите кои поседуваат снимки од вчерашните протести да ги предадат во МВР со цел полесно идентификување на насилниците.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега