Партискиот протест на СДСМ однапред планиран најмалку 10 дена

Насилниот партиски протест на СДСМ за насилно рушење на институциите кој се одржа синоќа пред Владата е однапред планиран најмалку 10 дена, покажуваат низа факти кои излегоа на виделина, откако стана јасно дека насилството е дел од однапред смисленото сценарио на Заев и СДСМ.

Познавачите коментираат дека ова е однапред смислен чекор со кој Заев го заокружува своето сценарио за насилно рушење на институциите и токму ова е дел од пучот за кој Заев е обвинет. Низа факти говорат дека ова што вчера се случуваше пред Владата е однапред планирано најмалку 10 дена претходно.

Информациите велат дека списоци за присуство на протестот се правени по штабовите на СДСМ, а  приклучени се и навивачки групи на Работнички кои се управувани од директорот на Паркинзи Центар Саша Богдановиќ за чие дивеење и самиот беше приведен пред некој ден.

Додека траеше прес конференцијата на СДСМ вчера, истата уште незавршена се појавија транскрипти на разговорите во медиумите на СОРОС, што укажува дека соросовите медиуми претходно биле координирани .

Протестот кој сакаат да го прикажат за граѓански впрочем е партиски, по претходен повик и организација на општинските организации на СДСМ од Центар се вадат безмалку истите луѓе на протест пред Владата како и на сите претходни протести.  На порталите на СОРОС како Плусинфо веднаш по пресот на Заев се појави банер со најава за протестот пред влада, за чија изработка претходно се потребни повеќе часа.

Во однапред договорената стратегија очигледно влегува и интервјуто на братот на Мартин Нешковски за порталот Нова ТВ со Борјан Јовановски, кое беше веднаш објавено по завршувањето на прес-конференцијата на Заев, а за кое не се исклучува можноста таквото интервју однапред да е снимано и однапред планирано. Дополнително, бомбата на Заев новинарите на СОРОС  ја најавуваа уште од претходниот ден.

Дека токму СДСМ и највисокото раководство на опозициската партија управува со насилните протести пред Владата, чија цел е насилно и недемократско рушење на институциите покажува и видеото според кое Радмила Шекеринска од лице место управува со насилните протести.

Откако првично ги координирала партиските протести од едно кафуле во близина на Владата, заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска отишла на лице место да има надзор врз работите и одвивањето на протестот.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега