Македонија го одбележува Светскиот ден на детското боење

Под мотото „Ден на добрина и уметност“ денеска во ТЦ „Рамстор“ ќе биде одбележан Светскиот ден на детското боење.

Настанот е хуманитарен. Ќе се собираат средства за домот за деца без родители „11 Октомври“ преку продажба на цртежи кои дечињата сами ќе ги сликаат во трговскиот центар.

Посетителите ќе имаат можност да го набљудуваат процесот на креирање на цртежите и да бидат дел од забавата во која ќе уживаат малите креативци. Тие ќе можат да ја покажат својата хуманитарна страна преку купување на уметничките дела и на тој начин ќе го поддржат овој настан.

Светскиот ден на боењето се одбележува на овој начин со цел симболично да ја пренесе пораката за подобрување на светот во кој живееме со креативно цртање во весели и шарени бои.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега