ФОТО: Вандализам на СДСМ и СОРОС- демонстрантите демолираа медиум

Таканаречените и самопрогласени борци за слобода и демократија вечерва во своето вандалско однесување пред Владата на партискиот собир организиран од СДСМ и СОРОС демолираа медиум.

Просториите на Радио Слободна Македонија (РСМ) кои се наоѓаат веднаш спроти зградата попладнево беа мета на насилните протестанти предводени од СДСМ и СОРОС, кои ги искршиле стаклата од просториите на РСМ.

Оние кои секојдневно говорат за недостаток на слобода и демократија, вечерва вандалски нападнаа медиум, продолжувајќи ја политиката на опозицијата на напади врз медиуми.

Оние кои постојано говорат за демократија, всушност го практикуваат токму спротивното, а последниот пример јасно покажува и многу полошо од тоа, постапка која преставува налик на фашизоидно делување.

rsm

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега