Насилството на партискиот собир пред Владата е смислено сценарио на Заев и СДСМ

Насилните протести кои вечерва  се случуваат пред Владата на Република Македонија во кои според првичните информации се повредени најмалку двајца полицајци и фоторепортер е смислено сценарио на Зоран Заев и СДСМ.

Реалноста за полицаецот за кого СДСМ и соросовите портали лажат дека им се приклучил е дека тој практично ја поминува безбедносната ограда за да испорача достава до надлежните за што бил и задолжен. Веднаш потоа, истиот тој се враќа меѓу своите колеги, што значи дека и Фејсбук статусот на Заев е целосно манипулативен и порталите на СДСМ лажат дека полицаецот им се приклучил.

Познавачите коментираат дека ова е однапред смислен чекор со кој Заев го заокружува своето сценарио за насилно рушење на институциите и токму ова е дел од пучот за кој Заев е обвинет и со ова вечерва си ги потврдува намерите и предупредувањата на експертската јавносе за тоа каква е неговата цел.

Низа факти говорат дека ова што вечерва се случува пред Владата е однапред планирано најмалку 10 дена претходно:

Нашите информации велат дека списоци за присуство на протестот се правени по штабовите на СДСМ, а приклучени приклучени се и навивачки групи на Работнички кои се управувани од директорот на Паркинзи Центар Саша Богдановик за ќие дивеење и самиот беше приведен пред некој ден.

Денеска додека траеше прес конференцијата на СДСМ истата уште незавршена се појавија транскрипти на разговорите во медиумите на СОРОС, што укажува дека соросовите медиуми претходно биле координирани .

Протестот кој сакаат да го прикажат за граѓански впрочем е партиски, по претходен повик и организација на општинските организации на СДСМ од Центар се вадат безмалку истите луѓе на протест пред Владата како и на сите претходни протести.  На порталите на СОРОС како Плусинфо веднаш по пресот на Заев се појави банер со најава за протестот пред влада, за чија изработка претходно се потребни повеќе часа.

Во однапред договорената стратегија очигледно влегува и интервјуто на братот на Мартин Нешковски за порталот Нова ТВ со Борјан Јовановски, кое беше веднаш објавено по завршувањето на прес-конференцијата на Заев, а за кое не се исклучува можноста таквото интервју однапред да е снимано и однапред планирано. Дополнително, бомбата на Заев новинарите на СОРОС  ја најавуваа уште од претходниот ден.

На партискиот собир демонстрантите по секоја цена сакаат да изнудат инциденти и судир со полицијата, која ја каменуваат и напаѓаат брутално,  уништувајќи државен имот. 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега