Демонстрантите со шипки удрија по полицијата - повредени двајца полицајци

Двајца полицајци и еден фоторепортер се повредени во протестот пред Владата на Република Македонија. Според првичните информации едниот полицаец има повреда на ногата, исто како и фоторепортерот, додека другиот полицаец има повреда на вратот.

Полицајците се обидоа да ги истуркаат граѓаните, кои пак возвратија удирајќи со шипки и со пластични шишиња во обидот да се пробијат до владината зграда. Каменувани се и две возила на Министерството на внатрешни работи.

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега